На денешен ден се измислени бришачите за стаклата на автомобилите – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/21 12:22 PM

На денешен ден се измислени бришачите за стаклата на автомобилите

Пред речиси 100 години, на 10 ноември бил измислен бришач на шофершајбната на автомобилот. На почетокот на 20 век, тројца иноватори, кои не биле меѓусебно поврзани, забележале проблем со дождот и со снегот што требало да се отстрани од шофершајбната.

Функционалниот механизам за чистење на шофершајбната го патентирале три лица – а сите тројца го пријавиле во 1903 година, објави Шкода на својот медиумски портал. Во раните 1900-ти, Мери Андерсон од Алабама била во трамвај за време на посетата на Њујорк. Било ладно и влажно. Дождот замрзнал на шофершајбната и го блокирал погледот на возачот.

Како што беше вообичаено во тоа време, возачот го отворил страничниот прозорец и почнал да ја брише шофершајбната со раката. Но, на големо жалење на патниците, со ваквата постапка на возачот влегол студен воздух во трамвајот.

Се верува дека токму тогаш г-ѓа Андерсон почнала да размислува за уред кој може да се контролира одвнатре.

Неколку месеци подоцна, таа го дизајнирала својот прототип „дрвена рака“ со гумена обвивка, која била управувана со лост во близина на воланот. Рачката активира пружински механизам што ја поместува „раката“ преку стаклото.

Патентот бил даден на 10 ноември 1903 година, но тој никогаш не нашол инвеститор. Проблемот на г-ѓа Андерсон бил што таа била пред своето време, бидејќи автомобилскиот бум започнал дури десет години по нејзиниот изум.

Извор: b92