Македонска Каменица и Берово очекуваат десетици илјади гости пред и на Голема Богородица – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/18 10:40 AM

Македонска Каменица и Берово очекуваат десетици илјади гости пред и на Голема Богородица

Македонска Каменица и Берово очекуваат десетици илјади гости пред и на Голема Богородица
По неколку десетици илјади гости се очекува да се слеат во Берово и во Македонска Каменица, градови на крајниот македонски исток, пред и на празникот Голема Богородица. Во Берово масовното одбележување на овој празник има повеќевековна традиција, а во Македонска Каменица се слави паралелно и како Ден на рударите и Ден на општината.
На празникот во Македонска Каменица пред две години
Во рударска Каменица во чест на празникот се организира и веќе традиционалното „Каменичко културно лето“, кое годинава ќе го има своето десетто издание. Ќе има повеќе културни содржини, а во забавниот дел на градскиот плоштад ќе настапат и повеќе познати македонски и балкански пејачи, групи и ансамбли. На 26 август ќе се претстават неколку локални пејачи и групи и фолклористи од Белица, Република Бугарија, на 27 настап ќе има С.А.Р.С. од Србија, а на 28 август, на Голема Богородица, ќе пеат балканските ѕвезди Јелена Розга и Ален Исламовиќ.
Во рамките на фестивалот, во Берово се одржува и саемот „Малешевијата на дланка“
На беровскиот „Етноплоштад фестивал“, од 25 до 28 август ќе настапат и Каролина Гочева, Мијата, Јоце Панов, „Штекици“, „Хотлаине“, КУД „Димитар Беровски“, оркестарот на народни инструменти на музичкото училиште „Сергеј