Општина Карбинци и ДПС Лисец, заеднички ќе го развиваат планинскиот туризам на планината Плачковица.
За таа цел изработија и проекти а за потребните средства аплицираа преку програмата за развој на руралниот туризам на Светска банка.
Апликацијата ја помина првата фаза, доставена е потребната докуменатација за втората фаза а конечниот одговор се очекува до крајот на идниот месец, вели градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.
,,Проектот предвидува повеќе активности.Една од содржините е продолжување на патот кој води до ПД Вртешка Станува збор за околу еден километар,со што домот ќе биде попристапен до посетителите. Во план е набавка на повеќенаменско возило,градежна машина за зимско и летно одржување на патот во планински услови,, образложи Насев.
Дел од средствата ќе бидат искористени за зголемување на капацитетот за сместување во ПД Вртешка,подобрување на инфраструктурата како и изградба на вештачка карпа за меѓународни натпреварувања по алпинизам.
,,Во моментов планинарскиот дом има некаде околу 40 легла. Со реконструкцијата и адаптацијата би се проширил на 120 легла. Планираме да се изгради повеќенаменско спортско игралиште,кое би го користеле туристите при престојот. Една од поинтересните содржини е изградба на вештачка карпа за обука, тренинг и натпревар на туристите за алпинизам,, додава Насев.
Сите овие содржини, според градоначалникот ќе придонесат за развој на планинарскиот туризам и зголемување