Дачиќ:Меѓу Србија и Косово нема граница, па нема ни демаркација – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/18 10:31 AM

Дачиќ:Меѓу Србија и Косово нема граница, па нема ни демаркација

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, по повод барањето на косовскиот премиер Рамуш Харадинај  да се почне со работа на обележување на границата меѓу Косово и Србија, изјави дека „меѓу Косово и централна Србија не постои граница, туку административна линија и оти не може да дојде до демаркација“.

– Тоа е театар за дома, заостанати се во времето. Не ги навредувам, бидејќи тие не ги следат случувањата во светот. Тие го одбележуваат роденденот на Клинтон, а големи промени се случуваа во меѓународната политика. Косово е фикција, која не постои во реалната  меѓународна политика, наведе Дачиќ.

Шефот на дипломатијата зборуваше и за состанокот со Сергеј Лавров, каде истакна дека Русија отсекогаш била стратешки партнер на Србија и дека состанкот бил посветен на прашањето за Косово.

– Русија е наш стратешки партнер. Имавме нивна поддршка и секогаш ќе ја имаме. Ние не можеме да се одбраниме без Русија. Не сакаме да водиме каков било дијалог без поддршка на Русија, рече Дачиќ.