„Колега Скендер, ајде заедно да ја урнеме владата“ – Мицевски го повика Реџепи да не се откажува од иницијативата за гласање на недоверба – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/21 2:35 PM

„Колега Скендер, ајде заедно да ја урнеме владата“ – Мицевски го повика Реџепи да не се откажува од иницијативата за гласање на недоверба

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  на својот Фејсбукл профил го повика пратеникот Скендер Реџепи да не се предомислува од договорот за рушење на Владата.
-Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада! Откако во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпишаа на иницијативата за недоверба на владата, хибридниот режим на власта започна со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство и да го урива кредибилитетот на институцијата македонско собрание, напиша тој и додаде:
.„Колега Скендер Реџепи да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ. Да нема изговори зошто се потпишал овој или оној бидејќи ова е гласање против хибридниот режим на СДСМ-ДУИ. Се надевам дека ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници и ќе го сочуваме достоинството на пратеникот и угледот на македонското собрание. Одлуката овој пат е многу поедноставна, овде не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање дали ќе дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата или заедно ќе ја реформираме нашата заедничка татковина“, напиша тој.