ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.К.(64) од Кичево кој на вториот круг од локалните избори го скина своето гласачко ливче. Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „уништување на изборен материјал“.
– Тој на 31.10.2021 година околу 07.45 часот, на избирачко место лоцирано на улицата „4 Јули“ во Кичево, откако претходно го остварил своето гласачко право за избор на градоначалник на општина Кичево, на член на избирачкиот одбор му рекол дека направил грешка и побарал ново гласачко ливче. По добиениот одговор дека тоа е невозможно, пријавениот го искинал гласачкото ливче и го напуштил гласачкото место, наведуваат од МВР.