Што треба да направам, да престанам да стареам? – Сара Џесика Паркер бесна на критиките дека остарела – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/21 11:25 PM

Што треба да направам, да престанам да стареам? – Сара Џесика Паркер бесна на критиките дека остарела

Сара Џесика Паркер на големо го снима продолжението на серијата, која ја прослави „Сексот и градот“, но неодамна се појавија лавина негативни коментари на сметка на физичкиот изглед на актерите.

Се појавија фотографиите од сетот, а со нив дојдоа и голем број негативни коментари за физичкиот изглед на актерките. Сара не остана рамнодушна на критиките за нивниот изглед, седата коса и некои брчки – кои ги има секоја жена на нивна возраст.

– Имаше толку многу мизогински коментари за нашиот изглед кои никогаш не би биле упатени до некој маж. Воопшто не знам што да им кажам на тие луѓе. Седа коса, седа коса, седа коса. Дали таа има седа коса? Седам со Енди Коен, а тој има полна седа коса и никој не се прашува зошто – ги коментираше коментарите познатата актерка за магазинот „Вог“.

– Изгледа речиси и да не сакаат да бидеме ок со себе, без разлика дали ќе избереме природно стареење или не. Знам како изгледам. Немам избор. Што треба да направам за тоа? Да престанам да стареам? Исчезнувам – револтирано прашала актерката.

Извор: Курир.рс