Лорен Санчез, девојката на Џеф Безос, го запознала Леонардо ди Каприо на изложба во Лос Анџелес, а на социјалните мрежи кружи видео на кое таа фасцинирано гледа во холивудскиот актер, не обрнувајќи внимание на своето момче.
Триото се сретна на 10-та годишна уметничка и филмска церемонија во Лос Анџелес, а Лорен не можеше да го тргне погледот од Ди Каприо.
Безос, основачот и поранешен извршен директор на Aмазон, веројатно нема многу причини за грижи, со оглед на тоа дека е еден од најбогатите луѓе на планетата со 177 милијарди долари.
„Кога имаш милијарди, а не си Леонардо ди Каприо“, „Најди некој што ќе те гледа како што девојката на Џеф Безос го гледа Леонардо ди Каприо“, се само дел од коментарите кои кружат на социјалните мрежи.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=11&v=w0RCgtKP0BY&feature=emb_title
Извор: Ртс.рс