Од утре постудено со појава на магла – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/21 6:13 PM

Од утре постудено со појава на магла

Утре не очекува променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

Во Скопје, претежно облачно со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Следува период на стабилно време со појава на магла по котлините. Температурите ќе бидат во опаѓање.