Во пресрет на новата учебна година, Министерството за образование најави образовни реформи кои веќе дел започнаа да се имплементираат во образовниот систем. Највено беше и измени во законот за основно образование, Министертсвото за Канал 77 соопшти дека новиот закон е во фаза на изработка, и ќе понуди повеќе новини, кои се всушност клучните ветувања во владината програма за реформи во образованието кои ќе се реализираат.
Од Министертсвото за образование потенцираат дека треба и тие и училиштата да бидат целосно подготвени пред воведување на највените реформи во образовниот процес.
„Намалувањето на часовите и бројот на децата во паралелките создаваат сериозни организациски предизвици. Концептот предвидува менторство на поискусните наставници над помалку искусните наставници, како и вршење на одредени административни обврски во училиштето со што ќе се надополнат во целост часовите кои наставниците ги имале пред намалувањето на часовите со цел реформата да обезбеди сигурност на сите засегнати во образовниот процес“, велат од Министертсвото за образование.
Новиот концепт за пилотирање на наставни програми треба да биде разгледан како целина.
„По препорака на тимот експерти кои работеа на новите наставните планови и програми за основното образовние, истите ќе се комплетираат во целост се до деветтото одделение“, изјавија од образование за Канал 77.
Во средното образование повеќе нема да се применуваат наставните програми од Кембриџ, а во основното останува како и досега.
„Дополнително информираме дека согласно најавениот концепт за реформирање на системот на основно и средно образование, веќе се направени измени во содржината на 22 учебници во основното образование и 2 во средното образование и истите по печатењето, ќе се дистрибуираат до училиштата“, соопштуваат од Министерството за образование.
По примерот на германскиот модел, од септември оваа година во Македонија ќе се имплементира концептот на дуално стручно образование кое подразбира поголема соработка помеѓу училиштата и бизнис секторот, односно повеќе пракса за учениците и тоа директно на работното место под менторство на вработените во компаниите, се со една цел стекнување на потребните компетенции и вештини кои ќе им овозможат вработување на младите непосредно по завршувањето на нивното образование.
„Веќе ги усвоивме наставните планови за прва година за двете пилот училишта – „Св. Наум Охридски“ во Охрид и „Киро Спанџов Брко“ во Кавадарци, во соработка со компании од приватниот сектор – Костал ОДВ Електрик, ЛТХ Леарница во Охрид и Дрекслмајер во Кавадарци и овие новини ќе се имплементираат со почетокот на новата учебна година. Инаку, овој тип на образование од минатата учебна година е воведен во СУГС „Михајло Пупин“ во Скопје“, велат од Министертсвото.
Бројот на ученици запишани во прво одделение како и во стручните училишта, Министерството за образование и наука дополнително ќе информира, со оглед на тоа што уписите се уште траат а податоците со кои располагаат се нецелосни.