Кралската двојка си дала мала оддишка од обврските. Принцот Хари и Меган Маркл поминале неколку дена како гости на семејството Клуни во луксузната вила на италијанското езеро Комо.
Имено, британските медиуми дознале дека принцот Хари ја однел неговата сопруга Меган Маркл на тридневен одмор во Италија на гости кај нивните блиски пријатели.
Меган и Хари стигнале во Италија со приватен авион, а тамошните полициски сили имале многу работа за да го обезбедат британската кралска двојка.
Според италијанските таблоиди, ова бил многу интересен и несекојдневен одмор. Принцот Хари најчесто поминувал време со Џорџ Играјќи тенис и кошарка, а Меган и’ помагала на Амал околу близнаците Ел и Александра кои сопружниците Клуни ги добиле пред една година.
Освен тоа, домаќините организирале гала вечер за своите кралски гости на која пристигнале уште 15-тина пријатели.
Краткиот одмор во Италија ѝ годел на војвотката од Сасекс, бидејќи последниве девет месеци таа се навикнува на строгите кралски норми и правила.
Од венчавката на 15 мај, Меган и Хари немале многу време за одмор и романтика, па сигурни сме дека ова патување го искористиле за уживање далеку од палатата и кралските обврски.