Од Железници-Инфраструктура соопштија дека се вклучуваат логистички во решавање на енергетската криза и дека ќе ги стават во функција капацитетите за транспорт на јаглен и на мазут. Според директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, во соработка со ТЕЦ Неготино во финална фаза е целосната реконструкција на колосекот до термоцентралата.
„Со тоа ќе се овозможи непречен и безбеден транспорт на сите потребни количини мазут во следниот период. Активностите се спроведуваат во изминатите две недели. Самоиницијативно пристапивме кон подготовка на железничката станица „Никола Карев“ во близина на Битола, која моментно не е во употреба, а претставува најблиската точка за логистичка поддршка на транспорт на јаглен до РЕК Битола“, изјави Локвенец за МИА.
Реконструкцијата ќе биде завршена во текот на неделава, најави тој, а ова е најдобрата логистичка поддршка за транспорт на јаглен на далечина од само 10-ина километри.