АД ЕСМ: Блокот 1 е намерно исклучен за да се санира, струја има од други капацитети – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/21 10:31 AM

АД ЕСМ: Блокот 1 е намерно исклучен за да се санира, струја има од други капацитети

„Поради дефект, од синоќа е исклучен Блок 1 од РЕК Битола. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде повторно приклучен на електроенергетската мрежа“,  соопштија од АД ЕСМ, по објавите во медиумите од утрово, дека Комбинатот не работи поради дефект и иа опасност од недостиг од струја во државата.
„Поради дефект во котелот на Блок 1, за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата. Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка што се смета за лесен испад на постројката“, информира пред малку од компанијата.
Додаваат дека АД ЕСМ ги задоволува потребите за струја од останатите капацитети и со набавената електрична енергија како резерва, при вакви куси испади.
„Се работи и на оспособување на Блок 2, кој беше во ремонт, и се очекува и оваа постројка да биде прикучена на мрежата до крајот на неделава“, информираат од А ЕСМ.