Над 300 уметници – членови на Културно уметнички друштва од западниот регион на нашата држава, вчера во Охрид под звуците на тапаните, зурлите, гајдите продефилираа низ Охридската чаршија и го заиграа најголемото оро до сега на плоштадот Св.Климент Охридски. Дефилето беше во рамките на регионалната фолклорна смотра во организација на сојузот на фоклорни ансамбли на Македонија. Смотрата ја отвори проф.м-р Благица Илиќ раководител на фолклорниот оддел при музичко балетскиот училишен ценатр ,,Илија Николовски – Луј” од Скопје и член на уметничкиот совет на СОФАМ која поздравувајќи ги присутните истакна:
– После две годнини пауза, убаво е чувството да се видат толку многу уметници од еден регион на едно место и тоа на Античкиот театар во Балканскиот Ерусалим. Фолклорот е наше национално богатство и СОФАМ како единствена организација од овој тип во иднина целосно ќе се заложи за негово унапредување, развивање по одредени стандарди, доближување до младите и подигнување на квалитетот при презентацијата која вклучува оро, инструменти, вокални интерпретации, носија.
Како дел од програмските активности на уметничкиот совет на СОФАМ, проф. Илиќ најави работилници, обуки, практични вежби по региони со сите аматерските ансамбли како би им се помогнало на фолклорните друштва да го подигнат својот квалитет. Пред многубројната публика на Античкиот театар учесниците презентираа традиционален и обработен фоклор при што го задржа вниманието кај присутните кои цели два часа уживаа во програмата. Оваа фолклорна смотра е најмасовната која до сега се одржала, а во следниов период следуваат и фолклорните смотри во Источниот и Скопскиот регион на Македонија.