Композиторот Миша Мијатовиќ проговори за смртта на својот соработник, пејачот Маринко Роквиќ и ги откри стиховите од неговата последна снимена, се уште необјавена песна.
– Завршивме се, освен спотот што сакаше да го сними, но за жал, не успеа. Дефинитивно ќе ја објавиме песната кога ќе дојде време. Темата е таква случајност, не ни сонувавме што ќе биде понатаму. Се вика „Таа ноќ кога ќе умрам“, како нешто да насетил: „Таа ноќ кога ќе умрам, кога ќе се вратат старите љубови, таа ноќ кога со нејзина песна ме испратат“. Беше многу среќен поради таа песна, рекол Миша и додал:- Тој беше најголемиот господин на сцената. Секогаш држеше до себе. Се грижеше за се. Тој беше добар сопруг и татко, за него семејството беше закон. Беше ретко искрен пејач. Толку многу сакаше да пее. Работев со многумина, но тој беше единствен – изјавил Миша, кој не може да поверува дека изгубил долгогодишен пријател.
Извор:kurir.rs