Банките рушат рекорди- За девет месеци од годинава заработиле 117 милиони евра, исто колку лани за цела година – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/21 9:00 AM

Банките рушат рекорди- За девет месеци од годинава заработиле 117 милиони евра, исто колку лани за цела година

За македонските банки нема криза- и понатаму рушат рекорди по заработувачка. За девет месеци од годинава профитот на банките се искачи на неверојатни 117,4 милиони евра. Тоа е речиси исто колку што заработиле за дванаесет месеци во кризната 2020 година. Тогаш годината ја завршија со профит од 118 милиони евра. Или за девет месеци од годинава заработиле за речиси 10 милиони евра повеќе од цела  2019 година, кога добивката изнесуваше 108 милиони евра. Резултатите за деветте месеци од годинава покажуваат ако продолжат со ова темпо, до крајот на годинава банките ќе постават историски рекорд по заработувачка од кога постои банкарскиот систем во земјава.

Податоците на Народната банка покажуваат дека за три месеци од јуни до септември профитот на домашните банки пораснал за неверојатни 43 милиони евра. Заклично со шестиот месец од годинава заработувачката на банките беше 74 милиони евра.

Бројките говорат дека за девет месеци од годинава банките наплатиле неверојатни 332 милиони евра од граѓаните и компаниите на име камати, провизии и надоместоци. Па така вкупнио наплатиле 227 милони евра од камати, од кои 127 милиони биле наплатени од џебот на граѓаните. Сепак откако ги минусирале расходите, на банките им останал чист ќар од 188,6 милиони евра од камати. Неверопјатен раст има кај ставата провизии и надоместоци. Вкупно наплатиле 104,7 милиони евра, а чисти им останале 66,7 милиони евра.

Она што е интересно, банките за деветее емсеци од годинава наплатиле за 30 милиони евра повеќе за провизии и надоместоци споредено со истиот период лани. Лани за деветте месеци од провизии и надоместоци наплатиле 84,4 милиони евра.

Најголемата заработувачка во банкарскиот сектор завршила кај големите банки. На нивно конто на име профит за девет месеци се слеале речиси 104 милиони евра. Средните банки прикажале профит од 11,5 милиони евра, а малите 2 милиони евра.

Трите најголеми банки, Стопанска, Комерцијална, и НЛБ банка преку берзата ги објави финансиските извештаи за првите три квартали од годинава, кои покажуваат нраст на добивките. Така Стопанска банка Скопје, прикажа добивка  од дури 32,8 милиони евра, што во однос на истиот период лани е раст за 28 отсто. Добивката пак на НЛБ Банка за првите девет месеци од годинава е 27,46 милиони евра, што е раст за 33,5 проценти во однос на истиот период лани. Комерцијална банка пак прикажа добивка од 22милиони евра, што е раст за 3,4 проценти во однос на истиот период од претходната година.

(А.С.)