Трик како да ги направите чевлите водоотпорни – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/21 8:21 PM

Трик како да ги направите чевлите водоотпорни

Освен гумените чизми, кои често се ладни и неудобни, ниту една друга обувка не е гаранција дека вашите стапала ќе останат суви.

Деновите со дожд, освен што го отежнува сообраќајоте и сите доцнат, влијае и на расположението, а понекогаш може да ви ја намокри косата па и стапалата.

Сепак, постои мал трик и решение и за овој проблем. Сега ќе можете да го носите омилениот пар чевли дури и при дождливо време, без да завршите со влажни стапала.

Се што ви треба е пчелин восок или ако го немате, можете да користите обична свеќа. Чевлите тријте ги со пчелин восок или свеќа за да остане на нив тенок, бел слој. Потоа растопете го овој слој така што полека ќе го загреете со фен.

Почекајте малку да се излади восокот на собна температура и да се стврдне и спремни сте да прескокнете барички и да шетате на дожд.

Преземено до: https://pink.rs/