На денешната прес конференција одржана од лидерот на ВМРО ДПМЕ, Христијан Мицкоски пред седиштето на ВМРО, додека се одржуваше прес конференцијата му се слоши на градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов. За неговата здравствена состојба на Фејсбук се огласи и Мицкоски на Фејсбук кој информираше дека најверојатно поради прескокнатиот пјадок на градоначалникот дошло до оваа состојба.
„На денешната прес конференција за миг му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани. Се е во ред. Интензивен период беше, и тоа си го зема данокот… Поминавме многу, ќе поминеме уште повеќе. Сложно и братски. А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот.Продолжуваме за новата иднина во која сите веруваме!“, напиша Мицкоски на Фјебук.
На денешната прес конференција за миг му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани. Се е во ред. Интензивен…
Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, November 7, 2021