Маринко Роквиќ почина на 68-годишна возраст во Белград по кратко боледување, а со него до последниот ден беа синовите Марко и Никола, како и сопругата Славица. Пејачот 30 години беше во хармоничен брак со сопругата Славица, која не ја гледавме често во јавноста. Оваа убава русокоса отсекогаш го поддржувала својот сопруг во кариерата како и нивните синови кои исто така успешно запловиле по водите на музиката. Славица е писателка која зад себе има многу читан роман. Во слободното време се грижи за органската градина во дворот на својата куќа, а покрај тоа е и посветена баба, која редовно го поминува времето со внуците.
View this post on Instagram
Таа последните денови беше со Маринко кој се бореше со бактеријата која го нападна неговото тело и се грижеше за него и неговата здравствена состојба. Маринко Роквиќ важеше за одличен пејач, но и семеен човек кој 30 години беше во брак со својата убава сопруга Славица со која ги има синовите Никола и Марко.
Роквиќ претходно беше во врска со Мила, со која го има вонбрачниот син Дарио.
Славица, која по професија е поранешна медицинска сестра, доби голема поддршка и јавна пофалба кога го убеди Маринко да го признае Дарио, синот што го доби во вонбрачна врска, а кој денес со целото семејство, особено со неговото браќа има хармоничен однос.
Како што објави магазинот „Стори“ пред неколку години, Славица и Марнико наводно го прекинале бракот во 2016 година поради неговото неверство, но, нивниот син Никола еднаш ги демантираше тврдењата на споменатиот магазин.
„Толку години сум во оваа работа што оглувев со такви работи! Фала му на Бога, моите родители се добро и среќни заедно! „Сензационализмот и таквите приказни им се интересни на луѓето“, изјави Роквиќ еднаш за медиумите.
View this post on Instagram
Српските медиуми неодамна ги уловија Никола и Маринко, како што информираат, одат на молитва а пејачот бил толку болен што едвај одел.
Извор: Мондо/Новости
Фото: Инстаграм