Фудбалерите од Примера не сакаат да играат во САД – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/18 7:38 AM

Фудбалерите од Примера не сакаат да играат во САД

Заедницата на фудбалери во Шпанија (АФЕ) не се согласува натпревар од Примера да се игра надвор од границите на државата.

Оваа е реакција на одлуката на раководството на Примера, еден натпревар од оваа сезона да се игра на територијата на Соединетите Американски Држави.

Од АФЕ истакнуваат дека Примера не ги консултирала играчите кога ја носела одлуката.

Против идејата беа капитените на сите 20 екипи од шпанскиот шампионат.

– Ако треба како крајна опција ќе го искористиме и штрајкот, е ставот на АФЕ.

Од Ла Лига се уште немаат соопштено за кој меч би се играл во САД и во кој термин.