Овој договор не значи коалицирање, туку да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ, информираат од Левица – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/21 11:29 PM

Овој договор не значи коалицирање, туку да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ, информираат од Левица

Со хаштаг – ден на ослободувањето, пред малку  Димитар Апасиев во име на Левица објави текст со наслов „Крај на заевизмот, ДУИ конечно во опозиција“. Во тексто понатаму се вели дека денес на координативна средба политичките партии – Лeвица, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива и Беса договорија пад на Владата на СДСМ-ДУИ и конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција!
-Со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба – во случај Зоран Заев да не ја поднесе својата оставка. Овој договор, во ниеден случај, не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ. Левица и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно – како единствен политички претставник на македонската угнетена класа. За идните избори и тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство, се вели во текстот.
Фото: Фејсбук