На вечерашната средба во Собранието меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на Левица Димитар Апасиев, генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, генералниот секретар на Беса, Ајранит Хоџа и претседателот на Алтернатива Африм Гаши, договорено е новото парламентарно мнозинство.
Мицкоски на својот фејсбук профил напиша: Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство.
Таравари и Апасиев вечерва потврдија дека има ново парламентарно мнозинство, при излегување од Парламентот.
„Да, има ново мнозинство. Тоа е официјално. Имаме 61, со тенденција до 64“, изјави Апасиев, одговарајќи потврдно на прашањето- дали новото парламентарно мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица. Овие 5 партии имаат вкупно 61 пратеник во овој состав на законодавниот дом, но од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат зголемување на бројот на пратеници во мнозинството.
„Ново мнозинство, 61“, потврди и Таравари вечерва.