Министерството за здравство информира дека според податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од направени 3.257 тестирања, а се регистрирани 606 нови случаи на ковид-19: Скопје – 238, Битола – 63, Кочани – 30, Кавадарци – 29, Куманово и Прилеп по – 28, Штип -22, Велес – 20, Гевгелија – 19, Тетово – 15, Неготино – 12, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Свети Николе, Берово, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по – 7, Гостивар, Радовиш и Кратово по – 6, Виница – 5, Струмица – 4, Струга – 3, Ресен и Македонска Каменица по – 2, Валандово, Богданци и Македонски Брод по – 1.
Во последното деноноќие се евидентирани 7 починати лица, од кои пет од Скопје (69г, 71г, 79г, 81г и 82г) и две лица од Велес (68г и 69г), сите во болнички услови.
Регистрирани сe 320 оздравени пациенти. Од Скопје – 157, Куманово – 31, Крива Паланка – 19, Штип – 13, Прилеп и Тетово по – 12, Кочани и Струмица по – 11, Битола – 9, Пробиштип – 7, Берово – 6, Делчево – 5, Гевгелија, Демир Хисар, Ресен и Валандово по – 3, Велес, Кичево, Радовиш и Македонска Каменица по – 2, Кавадарци, Свети Николе, Гостивар, Кратово, Виница, Богданци и Пехчево по – 1
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 20.08.2021 до 04.11.2021. Починатите се од Скопје (1), Куманово(1) и Гостивар (1) на возраст од 72 до 83 години, сите починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.400.249 тестирања, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 205.022, на оздравени пациенти е 190.266, на починати е 7.204, а бројот на активни случаи изнесува 7.552.
Објавено на: 11/5/21 7:42 PM