Цената на барел нафта достигна 81 долар – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/21 5:57 PM

Цената на барел нафта достигна 81 долар

Цените на нафтата денеска се искачија на 81 долар за барел на меѓународните пазари, бидејќи одлуката на водечките производители скромно да ги зголемат залихите го засени извештајот за претстојното враќање на саудиското производство на нивоата пред пандемијата.
На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 36 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 80,90 долари. Вчера ја затвори трговијата на минус 1,45 долари.
На американскиот пазар барел се тргуваше по 64 центи повисока цена, од 79,45 долари. Вчера ја затвори трговијата на минус 2,05 долари.
Во исто време, Ријад, на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, ги отфрли повиците на водечките производители да исфрлат значително повеќе од планираните 400.000 барели дневно во следните месеци, наведувајќи ги економските проблеми.
ОПЕК на вчерашната средба се согласи дека ќе продолжи постепено да го зголемува производството откако американскиот претседател Џо Бајден порача дека треба да го интензивираат за да го забават наглиот раст на цените. (МИА)