„Северна“ ги донесе инспекторите во општина Штип – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/21 12:17 PM

„Северна“ ги донесе инспекторите во општина Штип

Денеска во општина Штип беше спроведен вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа, при што како што изјави вишиот инспектор Лаим Муслиу имал средба со градоначалникот на општината, претседателката и член на Советот на општина Штип.

Тој истакна дека биле анализирани сите моменти од донесената конститутивна седница при што на крајот било договорено дека од страна на инспекторите по добивање на бараната документација која ќе биде побарана од страна на инспекторот и претставник на општината кој ќе учествува на вонредниот инспекциски надзор, во рок од три работни дена да изградат став, при што потоа ќе биде информирана претседателката на Советот и градоначалникот на општина Штип за понатамошните чекори, односно за наодите од извршениот инспекциски надзор.

Муслиу истакна дека нивните информации се дека сите општини имаат постапувано според насоките на министерот за локална самоуправа кој вчера испрати допис до општиние дека уставот е највисокиот акт и дека општините и советите треба да го почитуваат.

„Бидејќи со самите дополнувања и измени на статутите на сите општини е сменето уставното име, секаде во сите статути, но и во нивните печати стои Република Северна Македонија“, истакна Муслиу.

За вонредниот инспекциски надзор во општина Штип Муслиу истака дека ќе го побараат статутот и деловникот за работа на Советот според кој работи општината, и ќе се види кога и каде се направени промените во статутот на општина Штип.

„Нашата надлежност се однесува на уставноста и законитоста на донесените прописи од страна на Советите на општините, како и постапката на нивно донесување. Она што нас ни е дадено според закон за инспекциски надзор, инспекторите од наодите извршени треба да им укаже на општините ако е  направена некоја грешка, односно непочитување на устав и закон во одредена област. Во крајниот случај наша надлежност е носење на решение за запирање на примена“, истакна Муслиу како одговор на новинарско прашање.

Дали одлуката за избирање на нов претседател на Советот на општина Штип е ништовна, ќе покаже ставот на инспекцискиот надзор, вели Муслиу.

„Со нашето укажување ќе што ќе го добијат, се надевам дека советот ќе постапува, односно службите во општинската администрација ќе постапуваат во согласност со законските рокови и ќе ја подобрат таа состојба“, истакна тој.

По општина Штип, претставници на Државниот инпекторат за локална самоуправа заминува во општина Аеродром. Според нивните сознанија свечените изјави со Република Македонија биле потпишани и општина Кисела Вода. Инспекторот ја посочи како пример општина Сопиште каде вчера ги потпишале свечените изјави претседателот на Советот и членовите, но со уставното име на државата.

„Ние денес дојдовме на седницата, но дали ќе учествуваме на истата останува да го почекаме исходот од инспекторатот и препораките по кои ќе постапуваме. Доколку препораките на инспекторатот се во согласност на она што го напоменавме дека мора да се почитуваат законот и уставните одредби ќе побараме потпишување на нова свечена изјава дека ќе работиме во и интерес на граѓаните и целокупно ќе го почитуваме правниот поредок“, изјави координаторот на советничката група на СДСМ, Маријана Рогожарска Поповска.

За валидноста на изборот на претседтаел на Советот на претходната седница, Рогожарска Поповска вели дека тие укажале дека доследно треба да се почитуваат законот и уставот.

„Според мене изборот на претседател е невалиден бидејќи со изјавите кои што се еден од условите да се стекнеш со правото на глас во една општина, сметам дека ќе мора да има повторување на целокупната постапка бидејќи би можело да повлече ништовножст на целата одлука“, истакна координатот на советничката група на СДСМ, Маријана Рогожарска Поповска.

Седницата која денеска беше закажана и прекината со пауза, продолжи но со присуство на мнозинството членови на Советот од ВМРО ДПМНЕ, додека членовите од СДСМ нема да присуствуваат на седниците се додека не ги добијат насоките од Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ се лутат што СДСМ се однесува како нив Владеачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во штипскиот совет работењето на своите колеги од СДСМ откако тие ја напуштија седницата, го нарекоа деструктивно и несовесно. Велат мандатот тие го добиле од граѓаните и треба да ги застапуваат нив, а не да си одат и да очекуваат да земат плата.

– Колеги, паушалот што ќе го земете треба да го заработите. За жал учеството на седница на Советот во интерес на граѓаните и подобрување на нивното секојдневие, го заменивте со прес-конференција по претходно дадени инструкции од вашата централа во Скопје, рече координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Душко Иванов.

Тој информира дека на денешната седница Советот ги утврдил постојаните комисии согласно Деловникот, за непречена работа на општината. Инаку советниците на ВМРО-ДПМНЕ, во 2018 кога тогашниот градоначалник Бочварски стана министер, ја „напуштија“ седницата која одеше онлајн и не учествуваа во гласањето за нов Претседател на Советот.

Г.Д