Предтседателот и член на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески преку Фејсбук статус си даде оставка од оваа позиција, како што напиша во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво.
„Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки“, напиша Сугарески на Фејсбук.
Почитувани,
Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво,…
Posted by Goran Sugareski on Friday, November 5, 2021