Веројатно нема дискусија за тоа дали сакате вашата коса да расте брзо или не. Одговорот е секогаш – да.
Иако здравата, густа и бујна коса е секогаш посакувана, таа често не може да се постигне поради фактори како што се загадувањето, бурниот начин на живот или едноставно годишното време – пролет и есен, кога косата опаѓа повеќе од кога било досега. Затоа, на вашата коса и треба многу внимание, а сета нега може да се обезбеди со едноставен чекор како што е редовно миење на косата со шампон кој содржи две природни состојки.
Ова се есенцијалните масла од рузмарин и мандарина кои може да се најдат во парфимерии, продавници за здрава храна или специјализирани продавници за есенцијални масла. Се што треба да направите е да додадете пет капки од овие есенцијални масла во 700 ml шампон и добро да го протресете шишето. Потоа, измијте ја косата на вообичаен начин, пишува City Magazine.
Најдоброто нешто во врска со овој трик е што нема страв од мрсна коса. Концентрацијата на маслото е многу мала, а содржината на маснотии е значително помала од вообичаеното рицинусово масло, кое најчесто се користи за нега на коса. По еден месец редовно применување на овој трик треба да ги забележите првите промени на вашата коса. Со текот на времето ќе стане погуста и посилна.
Преземено од: https://hr.n1info.com/
Фотографија: Tim Mossholder/ Unsplash