Легендарната шведска поп група „ABBA“ денеска се враќа на музичката сцена со објавувањето на нивниот нов албум „Voyage“ по речиси 40 години од распаѓањето на познатиот бенд.
Бендот најави нов албум на почетокот на септември во Лондон и претстави една од новите песни „I Still Have Faith in You“.
Пред објавувањето на албумот, на јавноста и беа претставени уште две песни – „Don’t Shut Me Down“ и модернизирана верзија на песната „Just A Notion“, снимена во 1978 година, но не се најде на ниту еден албум.
Бендот најави и турнеја, но виртуелна со холограми на членови.
Шведскиот квартет беше активен од 1972 до 1982 година. Последниот албум на групата „The Visitors“ беше објавен во 1982 година.
Групата ја сочинуваат Бјорн Улвеус (76), Бени Андерсон (74), Ани-Фрид Лингстад (75) и Агнета (71).
Со песната „Ватерло“ во 1974 година, „АББА“ победи на Евровизија, а остана запаметена по хитовите како „Dancing Queen“, „Mamma Mia“, „Money, Money, Money“, „Take A Chance On Me“ „Победникот зема се“ и други.
Извор: Вјести.ме