Во моментов во Штип има 311 активни случаи на инфицирани пациенти со Ковид 19. Според информациите од Центарот за јавно здравје Штип, 42 од заболените се ученици или тоа се 13,5%. од вкупниот број на заболени. Од инфицираните ученици , 17 се од основно, а 25 од средно образование.
Според анализата направена по возраст на заболените ковид пациенти, до 9 години, регистрирани се 7 инфицирани пациенти (2%), 10-19 години – 35 (11%), 20-29 години = 25 (8%), 30-39 години = 36 (12%), 40-49 години = 43 (14%), 50-59 години = 47 (15%) над 60 години = 119 инфицирани пациенти (38%)
Во однос на скринингот на ученици во основните и средните училишта во општина Штип, тестирани се 144 ученика.
Кај ниту еден ученик и во основните и во средните училишта не е утврден позитивен тест на ковид 19. Во Основните училишта се теститани 82 ученика а во средните 71 ученик.
Во општините Карбинци, Радовиш и Пробиштип направен е скрининг на 111 ученика.
Во општина Карбинци во ООУ „Страшо Пинџур“ тестирани се 9 ученика од кои сите се со негативен ковид тест.
Во Радовиш од тестирани 52 ученика сите се негативни на ковид-19, а во Пробиштип од тестирани 50 ученика 49 се негативни, а 1 е позитивен при што е постапено согласно протоколот од страна на епидемиолошката служба.