Ми го уништи животот, тоа беше нејзина идеја – Бритни ја обвини мајка си за старателството – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/21 9:41 PM

Ми го уништи животот, тоа беше нејзина идеја – Бритни ја обвини мајка си за старателството

Американската пејачка Бритни Спирс изјавила дека ја обвинува мајка си за старателството кое го контролирало нејзиниот живот веќе 13 години.

Нејзиниот татко Џејми, по одлука на судот, бил нејзин старател и го контролирал и приватниот живот на поп ѕвездата и нејзините финансии.

Законското старателство обично им се доделува на луѓе кои не се во можност да донесуваат сопствени одлуки, како што се оние со деменција или други ментални болести.

Но, Бритни сега вели дека старателството всушност било идеја на нејзината мајка Лин.

„Она што луѓето не го знаат е дека мама беше таа што му дала на тато идеја“, рече таа.

„Никогаш нема да се вратам во тие години – тајно ми го уништи животот.“

Во објава на Инстаграм, која во меѓувреме ја избриша, Бритни напиша: „Точно знаеш што направи“.

„Татко ми не е доволно паметен да смисли план за старателство, но вечерва ќе се смеам знаејќи дека има нов живот пред мене“.

„Џејми безусловно ја сака и ја поддржува својата ќерка. Точка“, изјавија неговите адвокати во судските документи до кои дојде Би-Би-Си.

„Факт е дека пред 13 години, старателството беше неопходно за Бритни да се заштити во секоја смисла на зборот.

„Нејзиниот живот беше во неред и беше во физички, емоционални, ментални и финансиски проблеми.

„За време на нејзиниот мандат Бритни успеа да се стабилизира во сите сегменти од животот.

„Мисијата беше успешна и сега е време Бритни да ја врати контролата врз сопствениот живот“.

Извор: Данас.рс

Фото: Getty Images