Поминаа речиси две години откако животот во хеликоптерска несреќа го загубија легендарниот кошаркар Коби Брајант (41) и неговата ќерка Џијана (13).
Сега од Калифорнија стигнаа информаиции дека една од последните инвестивии на Коби на неговото семејство му донело заработка од околу 400 милиони долари.
Освен што беше еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Брајант беше многу познат по своите претприемачки способности по кариерата.
Пред смртта инвестирал во компанијата „Бодиармор“ која се заминава со производство на освежителни спортски пијалоци. Тоа било во 2014 година кога Коби вложил шест милиони долари во таа фирма. Седум години подоцна „Кока кола“ го откупи „Бодиармор“ за дури осум милијарди долари од кои семејството на Коби, Ванеса и трите ќерки Наталија, Бјанка и Капри ќе добијат околу 400 милиони долари како сопственици на 10% од акциите по одбивање на данокот и таксите.
Соопштението е објавено утрово во 8.24 часот по американско време во чест на Коби и броевите кои ги носеше во текот на кариерата.
Извор: Mondo.rs
Фото: Marca