Верувале или не: Цел живот си го бришеме задникот погрешно – Доктор по интерна медицина објаснува како треба – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/21 11:13 PM

Верувале или не: Цел живот си го бришеме задникот погрешно – Доктор по интерна медицина објаснува како треба

Верувале или не постои правилен начин на бришење на задникот, а гастроентеролог објаснува што треба да направите и зошто. Докторот по интерна медицина и гастроентеролог д-р Никет Сонпал од Њујорк предупредува дека бришењето на газот од напред кон позади го намалува ризикот од ширење на бактерии од анусот до мочниот канал кој ги поврзува мочниот меур и отворот за мокрење.

Тој вели дека не е важно дали лицето стои или седи во моментот кога се брише.

– Не е подобро да се бришете во стоечка или седечка позиција, тоа зависи од преференциите на личноста – порача тој.

Но, според текстот објавен во Журналот за клиничка гастроентерологија и хепатолошко истражување, сепак е подобро да се бришете во седечка позиција затоа што така имате подобар пристап.

Какви ќе бидат последиците од „неправилното“ бришење во правец од назад кон напред, тој вели дека зависи од гениталиите.

– Ако личноста има вулва, што значи дека има вагинален отвор, како и мочен канал, бришењето од назад кон напред лесно ги пренесува бактериите од анусот до каналот или вагиналниот отвор. Тие бактерии може да доведат до инфекции на уринарниот тракт, габични инфекции, како и други форми на бактериски вагинитис – вели д-р Сонпал.

Од друга страна, правилото на бришење кај мажите не е толку важно.

– Оние кои имаат пенис можат да се бришат како сакаат затоа што анусот во нивниот случај е доста оддалечен од мочниот канал па ширењето бактерии е ретко – додаде докторот.

Извор: Mondo.rs

фото: Lucky Business/Shutterstock.com