Промовирана првата македонска стриминг платформа GLEY – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/21 2:49 PM

Промовирана првата македонска стриминг платформа GLEY

„ Од денеска на македонскиот пазар е достапна првата македонска национална стриминг платформа GLEY (ГЛЕЈ) преку која се приклучуваме кон светските трендови на развој на локални и регионални СВОД (видео на барање) платформи“, истакна на денешната промоција на сервисот, извршниот менаџер на СВОД Мастер, Дарко Петрушевски.

Првата национална стриминг платформа  нуди атрактивна и внимателно селектирана локална, нова регионална и интернационална филмска и детска програма, комплетно обработена на македонски и албански јазик.

Дел од богатата филмска програма на оваа платформа се сериите „Фамилија Марковски”, „На терапија”, „Преспав”, „Беса”, хрватската серија „Црни бјели свет”, крими серијата „Тајкун”, „Клан”, филмовите „Трето полувреме”, „Џган”…

Претплатата не е обврзувачка, нема подолгорочни договори, туку месечно и корисниците ќе можат да ја откажат платформата кога сакаат. За корисниците кои ќе се регистрираат до 31 ноември, промотивно им се нуди 30 дневен пробен период кој не се наплаќа. Во моментов има три претплати, 299, 399 и 499 денари во зависност од бројот на уреди на кои ќе може да се следи GLEY.

Дарко Перушевски, посочи дека GLEY не е обична видеотека, туку има поширока мисија – поддршка на македонската продукција.

– Целата програма е локализирана комплетно на македонски и албански јазик. До програмите ќе се пристапува лесно, примарно преку смарт телевизор LG, Samsung и андроид ТВ, на мобилните уреди, на лаптопи и таблети – рече тој.

Перушевски истакна дека гледачот на оваа платформа сам си бира од програмата што, кога, колку и каде ќе гледа – во дневна соба на телевизор, на мобилен уред, лаптоп. Потребно е само да ја симне апликацијата за платформата од Playstore.

Тој потенцираше дека македонските продукциски куќи имаат капацитет за создавање високо квалитетни содржини, почнувајќи од ТВ серии, филмови до документарци со висока продукција и токму нивната платформа има за цел да ги да им даде простор, односно платформа на македонските продукции за пласирање на нивните содржини.

Орце Костов

фото: МИА