Кои пластични кутии за храна се штетни по здравјето и под кои услови може да се користат, открива професорката Љубинка Рајаковиќ.
Дали и вие ги пакувате остатоците од храна во пластични садови од сладолед? Дали го дополнувате шишето со вода и го користите со денови? Ова се грешките на кои предупредуваат стручните лица напоменувајќи дека некои навики се штетни за здравјето. Пластиката е насекаде околу нас – во воздухот, во водата, производите кои ги користиме…
Едно истражување пак, покажа дека неделно внесуваме во организмот количина на микропластика со величина на една платежна картичка. За тоа кој вид пластика е безбеден, а кој не, што значат ознаките и кои е најдобро да ги избегнуваме, во емисијата РТС Ординација зборуваше Љубинка Рајаковиќ, професорка по аналитичка хемија на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград.
Секој предмет од пластика на себе има втисната ознака – ако е таа со зелена боја, значи дека производот е безбеден. Жолтата боја упатува на внимателност, а црвената е сигнал на предупредување и таквите производи треба да се избегнуваат.
Исто така, постојат ознаки со броевите од 1 до 7 кои говорат за тоа колку и кој производ е штетен. Броевите 2, 4 и 5 се ставаат на безбедните производи, во оние со кои треба да бидеме внимателни спаѓаат 1 и 7, а во групата на оние кои треба да се избегнуваат се 3 и 6.
„Кршење на правилата“
А што се случува доколку безбедната пластика ја користиме на небезбеден начин? Дали е опасно ако во некој случај ја изгребеме?
„Производителите нагласуваат – оваа пластика е безбедна, но условно. Ако ја подложите на некои екстремни услови, како на пример голема топлина, тогаш не е безбедна. Јас сум поборник за тоа дека пластиката не треба да се држи на сончеви места. Шишенцата вода кои се наменети за нас, потрошувачите, а се држат негде пред самата продавница на сонце, тоа не е безбедно“, објаснува професорката.
Постарите кутии од сладолед не треба повторно да се користат, е тоа е грешка која многумина ја прават.
Професорката вели дека има садови кои се направени специјално за складирање храна, а тоа го препорачуваат и самите производители.
Од групата на пластични производи кои треба да се избегнуваат, професорката Љубинка ги потенцира полистриенските кутии за пакување храна како „најлоши“, односно нешто што би било најдобро да се исфрли од употреба. Овој материјал е изолатор, ја задржува топлината, но не се препорачува за употреба на подолг рок. Во ваквите кутии се пакуваат остатоците од храна во рестораните, како и онаа за достава.
„Што се однесува до застапеноста на производите од пластика, највеќе се употребува онаа со ознака 7. Според професорката, тука спаѓаат детските играчки, а потоа следи пластиката со ознаките 5, 4 и 2.
Таа откри дека е подобро да се користи млеко од тетрапак наместо од пластично шише бидејќи рециклираната пластика е „здрава“ колку и онаа која е тукушто направена.
Извор: mondo.rs
Фото: Илустрација / Freepik