Во вчерашното издание на Службен весник на РСМ со број 246 објавена е Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и првата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности. Оваа уредба, како што стои во објавата, е во согласност со Законот за управување со кризи.
Уредбата на 12 страници е донесена на 30-ти октомври, во саботата во предизборниот молк. На интернет страната на Владата не може да се најдат информации. Донесувањето на Уредбата, не значи и прогласување на кризна состојба поради нарушено снабдување со електрична енергија.
Според Законот за управување на кризи, Владата донесува одлука за употреба на ресурсите. Нивната пропорционална употреба е според природата и интензитетот на кризната состојба, пишува во Законот.
Во услови на нарушување на системот со снабдување во Законот за енергетика, предвиден е дел насловен со „Кризна состојба“.
Таму пишува дека Владата, на предлог на Министерството за економија, со уредба подетално ги
утврдува критериумите и условите за прогласување на кризна состојба, а особено во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на енергија, начинот на снабдување со соодветните видови на енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на одредена енергетска дејност согласно со Законот за управување со кризи.
– Со цел да се заштитат енергетските системи и да се обезбеди сигурно снабдување со соодветен вид на енергија во Република Македонија, операторите на системи за пренос и дистрибуција на соодветниот вид на енергија, во согласност со уредбата од ставот (1) на овој член, се должни да изготват планови за постапување во кризни состојби и да ги достават за одобрување до
Министерството.
(3) Мерките утврдени во уредбата од ставот (1) на овој член треба да:
1) бидат од привремен карактер и да траат до завршувањето на кризната
состојба;
2) не го надминуваат обемот и интензитетот што е неопходен за
отстранување на последиците од кризната состојба и
3) во најмала можна мера го ограничат или нарушат конкурентното
работење на пазарите на енергија во Република Македонија и во Енергетската
заедница.
(4) Владата, во согласност со обврските преземени со Договорот за
Енергетската заедница, ги известува Секретаријатот на Енергетската заедница,
соседните држави, како и другите договорни страни на Енергетската заедница
кои се засегнати од ефектите на преземените мерки утврдени во уредбата од
ставот (1) на овој член.
(5) На предлог на Министерството или на Регулаторната комисија за
енергетика, како и по образложено барање од Секретаријатот на Енергетската
заедница, Владата може да ги измени или да ја прекине примената на одделни
мерки од уредбата од ставот (1) на овој член.
(6) Заради постигнување сигурност во снабдувањето со електрична енергија
и природен гас во кризни состојби, надлежните органи и вршителите на
енергетски дејности, во рамки на нивните права, обврски и надлежности,
соработуваат со соодветните надлежни органи и вршители на енергетски
дејности од другите договорни страни и учесници во договорот за Енергетската
заедница и преземаат мерки за:
1) координација и усогласување на националните мерки за кризна состојба;
2) идентификација и доколку е потребно, развој или надградба на
интерконекциите за електрична енергија и природен гас;
3) помош и соработка во кризни состојби или нарушувања во снабдувањето
со енергија со меѓународни и регионални центри за безбедност во снабдувањето,
и
4) определување на условите и начините за заемна помош.
(7) Владата го известува Секретаријатот на Енергетската заедница и другите
договорни страни за секој вид на регионална соработка утврдена во ставот (6) на
овој член, пишува во Законот за енергетика.
Во секој случај, ќе треба на јавноста некој да и’ објасни што повлекува владината уредба и како би се постапило во случај на се’ поевидентниот недостаток со струја. Дали ќе бидат тоа рестрикции, определување на приоритетни области и објекти за снабдување и сл.