Полицајците бараат покачување на платите – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/21 10:56 AM

Полицајците бараат покачување на платите

Ос Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) реагираат што со новиот Предлог буџет за идната година не е предвидено зголемување на платите и за вработенте во МВР.
Од овој Синдикат упатуваат реакција до Собранието и до Владата и бараат зголемување на платите, бидејќи ценат дека се тие ниски. Бараат и да им се ветат одреди зголемувања и за наведената категорија работници, односно на дел од администрацијата.
„Она што не загрижува како Синдикат е тоа што веруваме дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените „ништо“ денари кои ги предлага Владата со ребалансот на Буџетот. Барем да предвидевте исто онолку колку и за здравствените работници, како награда за секојдневниот ризик на вработените во Министерството за внатрешни работи,“ се наведува меѓу другото, во соопштението на СПМ.