Психолог им ја врати довербата на фудбалерите на Јувентус – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/21 10:34 AM

Психолог им ја врати довербата на фудбалерите на Јувентус

Тренерот на италијанскиот фудбалски гигант Јувентус, Масимилијано Алегри, го ангажираше својот близок пријател, психологот Џузепе Верчели, за да ги „разбуди” своте играчи и да им ја врати загубената самодоверба по слабиот старт на сезоната во Серија А.

Јувентус по воведните 11 кола собра само 15 бодови и е на деветтото место со дури 16 бодови помалку од водечките Наполи и Милан.

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт” објави дека Алегри и професорот Верчели се многу блиски пријатели и не е прв пат тренерот да ја побара неговата помош. Професорот по спортска медицина на Универзитет во Торино веќе работеше во Јувентус за време на првиот мандат на Алегри на клупата на „старата дама”

Верчели заедно со својот стручен тим, составен од осум специјализирани соработници, го осмисли моделот SFERA, меѓународно признаена алатка за анализа и оптимизација на перформанси, кој е применлив не само во спорот, туку и во светот на бизнисот со цел извлекување на најдоброто од спортистите или менаџерите.

Резултатот од неговата работа беше видлив синоќа при убедливата победа на Јувентус против Зенит од 4-2 затоа што играчите делуваа брзо, моќно и сигурно на сите страни од теренот.

МИА

фото: Juventus.com