Кристал Палас ќе си го даде капитенот на позајмица – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/18 1:59 PM

Кристал Палас ќе си го даде капитенот на позајмица

Менаџерот Рој Хоџсон решил да го даде на позајмица капитенот Џејсон Панчон. Ова е крајно несекојдневен случај, но објаснувањето е едноставно.

Панчон имаше тешка повреда во декември, минатата година и не можеше да се рехабилитира од неа до летово. Почна со тренинзи дури во мај, а сега, иако е физички подготвен, сепак уште е надвор од посакуваната форма.

Менаџерот Рој Хоџсон јасно даде до знаење дека нема да смета на неговите услуги, па одлуката да оди на позајмица била на самиот Панчон. Тој има 32 години и ако сака да ја задржи кариерата му треба минутажа, особено во оваа фаза, по повреда.

Уште не е позната неговата нова дестинација, но затоа се знае кој ќе го замени во Палас. Нов капитен ќе биде Србинот Лука Миливоевиќ.