Медот уште одамна се смета за еден од најздравите природни производи за организмот, а покрај багремовиот и ливадскиот, кои се најзастапени, постојат и многу други видови мед, а секој се разликува по бојата, но и по здравствените придобивки.
Еден од поздравите видови е медот од лаванда – кој се препорачува дури и за трудници.
Медот од лаванда има интензивен вкус и арома, а може да има потемна и посветла боја. Тој е меѓу најлековитите видови со силно дејство бидејќи овозможува апсорпција на калциум и железо од храната.
Медот од лаванда помага и при проблеми со забите и коските, остеопорозата, високиот крвен притисок, а добар е и за органите за варење, ги чисти белите дробови и ја смирува кашлицата.
Како и растението од кое е направен, медот од лаванда делува смирувачки и е силен борец против нервозата, а го подобрува и квалитетот на сонот. Помага и во борбата против поблагите форми на депресија.
Медот од лаванда ги ублажува симптомите предизвикани од предменструален синдром. На луѓето склони кон алергии на полен им се советува да земаат мед од лаванда секој ден.
ИЗвор: Б92.нет