Ограбена црквата „Цар Константин и Царица Елена“ во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/21 2:50 PM

Ограбена црквата „Цар Константин и Царица Елена“ во Штип

Црквата „Цар Константин и Царица Елена“ на ул.„Брегалничка“ во Штип насилно била отворена и ограбена, ноќта меѓу 31 октомври и први ноември, информираат од Полицијата. Од црквата биле одземени само пари.

„На 01.11.2021 во 08.34 часот во СВР Штип било пријавено дека ноќта на 31.10/01.11.2021 со употреба на физичка сила и подесен алат било влезено во црквата „Цар Константин и Царица Елена“ на ул.„Брегалничка“ во Штип и биле одземени пари,“ информираат од СВР Штип.

Се работи на расчистување на случајот.

Билтенот бележи уште една кражба. Бил ограбен таксист.

„На 01.11.2021 во 21.30 часот во Полициската станица Штип, Х.А.(19) од Штип пријавил дека околу 20.30 часот во неговото такси возило на ул.„Черења“ во Штип едно лице со употреба на физичка сила му одзело пари од чантата. Се работи на расчистување на случајот,“ пишува во полицискиот билтен.