Јаху го напушта кинескиот пазар – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/21 2:50 PM

Јаху го напушта кинескиот пазар

Интернет компанијата Јаху (Yahoo Inc.) соопшти денеска дека нејзините услуги повеќе не се достапни во Кина. Компанијата нема канцеларии во Кина од 2015 година и постепено ги прекинува своите услуги таму од 2013 година.

-Како признание за се попредизвикувачкото деловно и правно опкружување во Кина, пакетот услуги на Јаху веќе нема да биде достапен во оваа земја од 1 ноември. Остануваме посветени на правата на нашите корисници и слободниот и отворен интернет. Им благодариме на нашите корисници за поддршката-, изјави портпаролот на Јаху за Волстрит џурнал.

(МИА)