Штипјанец си пазарувал со фалсификувана банкнота од 1000 денари – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/21 2:24 PM

Штипјанец си пазарувал со фалсификувана банкнота од 1000 денари

Вработен во продавница во Штип пријавил во Полиција дека пуштена е во оптек фалсификувана банкнота во апоени од 1000 денари. Фалсификуваната банкнота била откриена, но откако некој си испазарил за таа сума.

„На 01.11.2021 во 16.30 часот во СВР Штип, А.И.(31) од Штип пријавил дека во продавница на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип била пуштена во оптек една фалсификувана банкнота во апоени од 1000 денари. Полициски службеници ја одзеле банкнотата и ја предале на вештачење,“ се вели во информацијата од СВР Штип.

Се работи на расчистување на случајот.