Ракометарките не мора да носат гаќички – ИХФ го прифати барањето на министрите од Скандинавија – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/21 10:32 AM

Ракометарките не мора да носат гаќички – ИХФ го прифати барањето на министрите од Скандинавија

Репрезентативките на Норвешка во ракомет на песок направија револуција во својот спорт и ја натераа Меѓународната ракометна федерација да им овозможи да носат тесни шорцеви како и машките спортисти, а не само долен ден кој е повеќе бикини.

Тие на натпреварите во текот на летото наместо гаќички кои ги изразуваа нивните облини, решија да носат кратки и тесни шорцеви како оние кои ги носи машката репрезентација, а поради тоа ЕХФ ги казни со 1.500 евра.

ЕХФ таа опрема ја нарече „непримерна“ сметајќи дека тие можат да носат само долен дел од бикини.

Дискусијата траеше со месеци, трае се уште, а британски „Гардијан“ пренесе дека Светската ракометна федерација ИХФ ги променила правилата за облекување.

Стартуваше акција за родова рамноправност во која министрите на пет скандинавски земји, Данска, Норвешка, Шведска, Исланд и Финска напишаа заедничко писмо дл ИХФ барајќи им да ги променат правилата.

Додека машките ракометари можеа да носат шорцеви  до 10 см над колената под услов да не се премногу “вреќасти“, девојките мораа да носат гаќички со „боди фит“ и тесна опрема. Оваа одлука повеќе не важи и ракометарките слободно можат да играат во шорцеви.

 

Извор: Mondo.rs

фото: BBC.co.uk, IHF