За ручек за двајца во Осло ќе платите 66,68 евра, а во Истанбул 17,43 евра-најскапи и најевтини ресторани во Европа – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/21 3:21 PM

За ручек за двајца во Осло ќе платите 66,68 евра, а во Истанбул 17,43 евра-најскапи и најевтини ресторани во Европа

На врвот на листата градови со најскапо јадење во рестораните се Осло (Норвешка), Копенхаген (Данска) и Берген (Норвешка), објави Еуроњуз.

За да јадете во просечен ресторан во Осло, треба да одвоите 66,68 евра за оброк за двајца. Копенхаген е втор рангиран најскап град во Европа за јадење во ресторан, со просечни 63 евра за двајца. Во ресторан од средна класа оброкот чини 94,10 евра, само за 4,80 евра помалку од цените во таквите ресторани во Осло.
Од друга страна, најевтино е јадењето во рестораните во Истанбул (Турција), Санкт Петербург (Русија) и Будимпешта (Унгарија). Во Истанбул каде просечната цена за два оброка изнесува 17,43 евра и е најниска од анализираните градови во Европа.
Сепак просечната нето-плата во Норвешка изнесува 3.068 евра, а во Турција е 346 евра.
Санкт Петербург е вториот најевтин град со просечна цена за јадење за двајца од вкупно 21,60 евра. Рускиот град нуди различни опции за ресторани со ниски цени, вклучувајќи пабови. Сепак, просечната цена за јадење во ресторан од средна класа е 30,10 евра, за 10,90 евра повеќе од Истанбул.
Будимпешта е третиот најевтин град, каде оброк во ресторан чини само 22,50 евра за две лица.