„Одговорот на црната кампања на власта беше зголемена излезност. Тажен ден за недемократската власт на Заев, силен ден за волјата на народот кој се одлучи за промени и нова иднина. Изборниот процес помина со низа нерегуларности и нарушувања и истите беа доказ за начинот на кој СДСМ е спремна да ја зачува власта по секоја цена, иако тоа не е воља на народот. Вчера се ширеше пропаганда, поткуп на гласачи и други прекршувања. Имаме информации за поткуп во Кочани, Радовиш, Ново село, Ѓорче Петров и други делови од Скопје“, рече на прес конференција, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа рече дека верува оти ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и во вториот круг на изборите, се очекува победа во Скопје и во други општини, и дека, иако е рано за резултати, тие со сигурност ќе бидат поволни за народот. Митева посочи дека доаѓа нова иднина и народот ја победи власта, која е ненародна.
„Огромна благодарност до сите граѓани кои со учевство на изборите го остварија своето право. Одговорот на црната кампања на власта беше зголемена излезност. Тажен ден за недемократската власт на Заев, силен ден за волјата на народот кој се одлучи за промени и нова иднина. Власта на Заев го покажа своето недемократско лице. Видовме како изгледа власт која паѓа“, рече Митева која порача дека партијата ќе ги искористи сите правни дејства и ќе ги информира меѓународните институции за недемократското однесување на власта.