Од МВР информираат дека денеска во Полициската станица Радовиш било пријавено оти Г.К. од радовишко село, излегла на гласање и покрај тоа што имала решение за самоизолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Во Кочани, пак, двајца полициски службеници пријавиле дека при вршење на редовна служба на Избирачко место 858 во Кочани преземале мерки и активности против едно лице кое се однесувало агресивно кон нив и одбило усна наредба да се оддалечи од местото и да не го попречува изборниот процес.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи, а ќе следат и соодветни поднесоци.
– Во ОВР Кочани, претседателот на избирачкиот одбор на избирачко место 835 во Кочани пријавил дека околу 11 часот, С.М. го нарушил избирачкиот процес и на гласачкото место и кажал на својата сопруга за кого да гласа, а кога бил предупреден од страна на избирачкиот одбор јавно кажал за кого гласал и не го свиткал уредно избирачкото ливче. За настанот изготвен е записник од страна на избирачкиот одбор, запознаен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на тајноста на гласањето, информираат од МВР.