Денеска околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и А.С. (63) од Скопје, кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори – соопштија од МВР.
Лицата вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање”. На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – додадоа од МВР.