Корона во семејството Кардашијан – Познатата сестра потврди, заразена и нејзината ќерка – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/21 9:27 PM

Корона во семејството Кардашијан – Познатата сестра потврди, заразена и нејзината ќерка

Клои Кардашијан денеска објави дека таа и нејзината ќерка Тру Томсон се заразени со коронавирус.

Една од сестрите Кардашијан на Твитер објави дека ќе ги одложи сите обврски и јавни ангажмани, но нагласи дека засега се чувствува добро, како и нејзината ќерка и дека се е под контрола.

– Здраво луѓе, сакам да ви кажам дека јас и Тру сме позитивни на коронавирус. Жал ми е, но поради ова морав да откажам дел од обврските што ги имав. Среќа што се вакцинирав, па се ќе биде во ред. Останете безбедни – изјави сестрата Кардашијан.

Извор: Србијаданас.ком

Фото: Профимедиа