Утре по одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има услови за појава на магла, преку денот сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, наутро со слаба магла, а преку денот сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 17 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер се очекуваат во вторник.