Саша Ковачевиќ е позитивен на коронавирус – Пред 15 дена одржал концерт и се фотографирал со обожавателите – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/21 4:17 PM

Саша Ковачевиќ е позитивен на коронавирус – Пред 15 дена одржал концерт и се фотографирал со обожавателите

Саша Ковачевиќ (36) е позитивен на корона вирус, поради што е во изолација веќе 10 дена.

Пејачот пред 15 дена одржа концерт со колешката Јелена Розга во Словенија, а веднаш следниот ден отпатува за Грција со својот брат Раде.

Таму имал закажано снимaња, но се било откажано и преместено, бидејќи се покажало дека симптомите кои ги почувствувал Саша биле тие поради кои и тестот му бил позитивен, пишува Ало.

Саша се чувствува добро, нема поголеми последици, а неговиот брат Раде бил негативен на тестот за ковид.

– Точно е дека Саша е позитивен. Направивме голема грешка што им дозволивме на фановите да се фотографираат со Саша по концертот. Сепак, не можевме однапред да знаеме дека Саша ќе биде позитивен на вирусот, но сега се чувствува добро – изјавија од ПР тимот на Саша Ковачевиќ.

Извор: Телеграф.рс